Специјален ден за семејството Шумахер: Мик славеше на трката во Унгарија во Ф2!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Мик Шумахер ја оствари првата победа во Формула 2 (Ф2), откако беше најдобар на трката за Големата награда на Унгарија.

Синот на легендарниот Михаел Шумахер славеше на патеката во Унгарија, кадешто неговиот татко оствари четири победи.

„Одлична трка. Возилото беше одлично. Не е лесно, му честитам и на противникот Матсушити, кој се бореше со мене до крајот. Среќен сум, беше многу забавно“, кажа 20-годишниот Германец.

Најдобар резултат пред денешната трка му беше четврто место во Австрија, а во генералниот пласман во Формула 2 во моментов е на 11. место.

Инаку, Шумахер јуниор е член на возачката академија на Ферари, а планот е да почне да се натпреварува во Формула 1 во следните неколку години.