Спектакуларен трансфер во најава: Лукаку се враќа во Англија, но не во Јунајтед!?

Ромелу Лукаку се препороди во дресот на Интер, па тој е еден од нивните најдобри фудбалери и не личи на фудбалерот кој го продаде Манчестер јунајтед затоа што не можеше да се снајде пред противничкиот гол.

Откако Белгиецот ја оживеа кариерата дојде време за нов трансфер, а англиските медиуми шпекулираат дека блиску до неговиот потпис е Манчестер сити.

„Граѓаните“ неодамна му го продолжија договорот на Пеп Гвардиола, по што планираат да тргнат по потписот на Лионел Меси, но и ќе се засилуваат во нападот, а изборот паднал на Лукаку.

Интер не сака да го продаде својот напаѓач, но Сити планира да понуди 105 милиони евра, кои сигурно ќе биде тешко да се одбијат.

Лукаку минатата сезона во дресот на Интер постигна 34 голови, па не е чудно што владее интерес за неговите услуги од тим каков што е Манчестер сити.