Србија се врати од минус 24 – „орлите“ полетаа кон полуфинале на ЛОИ во Париз


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Српската кошаркарска репрезентација триумфира против Австралија со 95-90 во четвртфиналето на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз.

Австралија одигра одлично прво полувреме во кое имаше предноста и од +24, меѓутоа Србија во вториот дел ја анлулира негативата и поведе со 69-65. До крајот на регуларниот дел се водеше голема борба, а победникот беше решен по продолжение од пет минути.

Србија во продолженијата беше одлична и триумфира со 95-90, а најдобар во победата беше НИкола Јокиќ со 21 поен, 14 скокови и осум асистенции.