Станковиќ прави револуција: Балотели ќе потпише за Црвена Звезда!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Дејан Станковиќ во следниот период ќе биде тренер на Црвена Звезда, откако во петокот беше официјално претставен како нов стратег на „црвено-белите“, а свесен е дека го чека многу работа.

Станковиќ ќе се обиде да го засили тимот, а српските медиуми објавија дека во Белград би можел да стигне 29-годишниот Марио Балотели.

Контроверзниот напаѓач во моментов настапува за Бреша, а со Станковиќ играше во 2010 година во Интер.

Балотели од јануари ќе биде слободен фудбалер и ќе може да бара нов клуб, а во моментов во екипата има примања од 900.000 евра годишно.

Станковиќ засега не се огласи по шпекулациите, но нема да чуди доколку српскиот шампион направи таков потег во следниот период.