Станковиќ: Вознемирен сум, жал ми е поради корнерот, но нема да плачам!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Црвена Звезда одигра реми (1-1) против Милан во Италија и така се збогуваше од Европа. Српскиот шампион покажа храбра партија на теренот, но на крајот не успеаа да направат сензација.

На крајот имаа корнер како последна шанса за гол и пласман понатаму, но главниот судија не им дозволи да го изведат.

„Секако дека сме вознемирени поради тоа затоа што тоа ни беше последна шанса на натпреварот. Жал ми е поради корнерот, но нема да плачам. Но, дозволи ни да го изведеме тој корнер, Милан би добил таква шанса. Како и сите останати тимови на ова ниво. Требаше да ни дозволи да го изведеме корнерот. Сепак, повторувам, нема да плачам“, вели тренерот Дејан Станковиќ.