Страшна сцена во Јапонија: Гасли се размина со трактор на патеката – можев да загинам! (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Формула 1 во Јапонија беше прекината уште на самиот почеток поради лошите временски услови и дождот кој предизвика намалена видливост на патеката, а прв од патеката излета возачот на Ферари, Карлос Саинц.

Стјуардите покажаа црвени знамиња за прекин на патеката, додека Пјер Гасли се обидуваше да ги стигне останатите болиди зад безбедносното возило, а притоа се размина со транспортен трактор на птеката.

Гасли реагираше брзо и го искажа својот револт преку тимското радио, при што посочи дека можел многу лесно да заврши директно во тракторот.