Таеквондо клубот Хва Ранг ИТФ од Охрид со специјална церемонија ја заокружи супер успешната година (Фото)


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Таеквондо клубот Хва Ранф ИТФ со специјална, традиционална церемонија ја заокружи најуспешната година во клубот.

Таеквондистите имаа вистинска жетва на медали во годината што изминува освојувајќи вкупно 127 медали од бројни престижни натпреварувања. Секако со најголем сјај е освоениот медал на младиот Давид Крстески кој со 11 години дојде до историски успех станувајќи најмладиот освојувач на медал на едно Европско првенство.

Крстески освои бронзен медал, како што велат од клубот со златен сјај, на Европското првенство во Римини, Италија. Младиот таеквондист во конкуренција од триесетина натпреварувачи успеа да се искачи на пиедесталот и да го освои бронзениот медал во категоријата форми за црвен појас.

Ваквиот успех и дополнет со  бројните медали кои ги освои на турнирите ширум Европа на Давид Крстески му го донесоа признанието за најдобар поединец на клубот за 2019 година.

Друг вреден настан за издвојување беше настапот на Македонија на Светското таеквондо ИТФ првенство одржано во Пловдив, Бугарија. На овој најмасовен турнир Македонија беше претставена од таеквондистите на Хва Ранг ИТФ, Давид Велковски и Божидар Димитриевиќ.  Иако како аутсајдери, без никакво искуство од вакви натпревари, македонските претставници стигнаа до четвртфиналето до каде со атрактивни нокдауни ги совладаа противниците од Русија, Естонија, Чешка и Ирска.

Исто така овој успех надополнет со освоените медали на Димитриевиќ и Велковски му донесоа признание за најдобри поединци на клубот во 2019 година.

Таеквондист со најмногу освоени медали во 2019 година од Хва Ранг ИТФ беше Јане Димов кој годината ја заврши со десет освоени медали од кои пет златни, три сребрени и два бронзени.

Пред крајот на годината, долгогодишниот член на клубот, Климент Грозданоски во склоп на Кик Бокс федерацијата на Македонија учествуваше на ВАКО Кикбокс Светското првенство одржано во Анталија, Турција. Грозданоски на натпреварувањето се закити со бронзен медал победувајќи ги претставниците на Ерменија и Италија.

Вредно за издвојување оваа година што изминува е и организацијата на меѓународниот таеквондо ИТФ А турнир „Охрид Опен 2019“. Луѓето од Хва Ранг ИТФ на чело со Марјанчо Лазаревски за прв пат организираа одличен турнир на кој учествуваа 250 натпреварувачи од шест земји од регионов и на кој беа освоени вкупно 43 медали од страна на Хва Ранг ИТФ.

Најдобри поединци кои осовиле највеќе медали за оваа година се:

3 место – Марио Крстески- 2 златни, 1 сребрен, 3 бронзени медали

2 место- Елена Јанеска – 2 златни, 2 сребрени, 4 бронзени медали

1 место – Јане Димов – 5 златни, 3 сребрени, 2 бронзени медали