Таксист му го вратил паричникот на Ноер, а голманот го налутил со „наградата“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот германски голман Мануел Ноер си го загубил паричникот додека се возел во такси, а возачот бил чесен и решил да му го врати назад.

Меѓутоа, не се изненадил пријатно при новата средба со легендарниот голман, кој решил да му подари дрес, иако возачот очекувал парична награда.

„Во паричникот имаше Платиниум картичка, црна Мастеркард и 800 евра во готовина“, откри таксистот кој не земал ниту евро.

По две недели добил пакет од Ноер во кој имало дрес со автограм на голманот, а тоа го налутило возачот затоа што потрошил 400 евра на гориво додека го барал чуварот на мрежата за да му го однесе паричникот.