Таткото на Ѓоковиќ: Син ми доминира, а тоа им пречи на сите!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Таткото на Новак Ѓоковиќ, Срѓан кажа дека неговиот тим заслужено е прв на АТП-табелата, каде што досега помина 400 недели.

Ѓоковиќ игра фантастично во последните 15 години и тоа го потенцираше Срѓан.

„Во последните 15 години Ѓоковиќ е најдобар во секоја мона категорија. Тоа им пречи на сите, затоа не сакаат да признаат дека е најдобар. На пример, Федерер беше најдобар со години и помина 310 недели на првото место. Кога Ѓоковиќ го урна рекордот, тие веднаш кажаа Штефи Граф има 370 недели како број 1. Кога ја престигна и неа, тие дојдоа до идеја дека некој претходно имал 500 недели на прво место. Ама Новак ќе го урне и тој рекорд“, вели Срѓан.