Тежок удар за Ливерпул: Клоп остана без услугите на важен фудбалер


    Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


    Еден од најважните фудбалери на Ливерпул, Фабињо мора повторно да помине одреден период надвор од теренот, барем така објавија британските медиуми.

    Во средата Фабињо во мечот против Наполи се повреди и по првите прегледи стана јасно дека ги скинал лигаментите на скочниот зглоб поради што ќе мора да паузира цел декември.

    Тоа е тежок удар за тренерот Јирген Клоп, кој знае колку е важен Фабињо за неговата екипа, а бразилскиот фудбалер ќе пропушти дури седум меча на „црвените“.

    „Фабињо би требало да биде подготвен за дербито со Тотенхем на 11 јануари“, објавија англиските медиуми.

    Фабињо сезонава одигра 19 меча во сите натпреварувања, а притоа постигна еден гол со две асистенции.