Тиаго Алкантара се збогуваше со Баерн Минхен: Ова ми е најтешка одлука во животот… (ФОТО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Шпанскиот фудбалер Тиаго Алкантара со емотивна порака се збогуваше од Баерн Минхен. Тој за германскиот клуб настапуваше од 2013 година и со нив јас освои Лигата на шампиони, седум титули во Бундеслигата и четири трофеи во германскиот Куп.

Алкантара порача дека ова му е најтешка одлука во кариерата.

„Да, ова беше моја најтешка одлука во кариерата. Имаше победи, успеси, моменти на среќа и тешки периоди, но тоа на што сум горд е дека како млад човек со големи соништа дојдов во Минхен, а заминувам исполнет. Оваа одлука ја донесов од спортски причини“, порача Тиаго.

Искусниот фудбалер ќе го засили шампионот на Англија за сума од 30 милиони евра.