Тим има импресивна статистика против Ѓоковиќ, Федерер и Надал!

Доминик Тим во 2020 година ја освои својата прва гренслем-титула, откако беше најдобар на Ју-Ес опен.

Австрискиот тенисер во иднина би можел да биде најдобар, а тоа го покажуваат неговите настапи во последните две години.

Статистиката на Тим против Роџер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ, кои веќе со децении се најдобри, е импресивна.

Кога би се сметале натпреварите од 2019 и 2020 година, Тим против Федерер има 3-0, против Надал има 3-1, а против Ѓоковиќ 3-2 во игри.

Последната голема победа против „големата тројка“ ја оствари по драматична борба и 2-1 во сетови со Ѓоковиќ во Лондон.

Seriously impressive from Dominic Thiem ?

Posted by ATP Tour on Sunday, November 22, 2020