Тимо Вернер донесе конечна одлука: Еве каде ќе ја продолжи кариерата…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Напаѓачот на Лајпциг, Тимо Вернер конечно го одбра својот нов тим.

Овој 23-годишен напаѓач одлучи да премине во редовите на минхенски Баерн и ја прифати понудата на Баварците во однос на останатите кои ги имаше.

Вернер со своите игри привлече големо внимание од европските великани. Во ред застанаа многумина екипи, а на крајот тој се одлучи за преселба во Минхен.

Разговорите за трансферот помеѓу клубовите траат веќе подолго време. Фудбалерот одлучи да ги одбие сите понуди за продолжување на соработката од страна на моменталниот клуб и многу е можно дека ќе го гледаме во дресор на Баерн.

Актуелниот договор на Вернер со Лајпциг го врзува до летото следната година, а овој тим за неговите услуги постави цена од 60 милиони еврач.

Огромен е интересот за неговите услуги, меѓу екипите беше и Ливерпул. Дури и стратегот за трансфери најави дека е можно да дојде до трансфер.

Сепак, „Црвените“ се откажаа од неговото доведување јасно е дека на Ориги му е понуден нов договор и на Вернер му преостана само потписот со Баерн.

Во Лајпциг неодамна потврдија дека фантастичниот напаѓач ќе го напушти клубот.

„Немавме избор, сакавме да го продолжиме договорот, но не успеавме да го чекаме истекот на договорото кога може да ја бира средината. Сакаме да добиеме што е можно повеќе пари“, нагласи Оливер Минтзлаф, генералниот директор на Лајпциг.