Тинејџерките испишаа историја и ќе играат во финале на Ју-Ес опен!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Британката Ема Радукану испиша историја на Ју-Ес Опен со победата против Марија Сакари од 6-1 и 6-4 и се пласираше во финале во Њујорк, со што стана прва во историјата која од квалификациите стигнала до финалето.

Иако е на 150. позиција во светот, Радукану одигра феноменално на турнирот и така стана прва Британка во финалето на гренслемот од 1977 година.

Радукану во финале ќе има друга тинејџерка за противничка, а тоа е Лејла Фернандез од Канада, која има 19 години и по два ипол часа борба ја совлада Арина Сабаленка со 7-6, 4-6 и 6-4.