Тод откри: Го посетувам Шумахер двапати месечно, не можам да го оставам сам!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Претседателот на ФИА и поранешен шеф на Формула 1, Жан Тод кажа за медиумите дека често го посетува Михаел Шумахер.

Легендарниот возач веќе седум години се рехабилитира по страшната несреќа на скијање, а Тод не сакаше да открива многу детали.

На семејството на Шумахер му ветил дека нема да открива премногу детали за неговата состојба, а тоа успеа и да го испочитува.

„Го гледаме Михаел најмалку двапати месечно. Не сакам да го оставам сам, многу работи поминавме заедно. Тоа што го поминавме стана дел од нас и сега продолжува“, вели тој.

Неодамна беше најавен и документарен филм „Шумахер“, кој треба да одговори на прашањата и да се открие цела мистерија за легендарниот германски возач.

Шумахер настрада на 29 декември 2013 година, па беше префрлен веднаш во болница, а потоа објавија дека е во критична состојба, но сепак преживеа.