Толедо се збогуваше со Вардар: Благодарам многу Република Македонија! (ФОТО)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Бразилскиот ракометар Хозе Гилјермо Толедо не се покажа најдобро во екипата на Вардар, па вчера замина од актуелниот европски првак.

Толедо се сели во Баја Маре, а преку социјалните мрежи испрати порака до навивачите на Вардар  се збогуваше со Македонија.

„Нема да можам да бидам дел од убавата иднина на Вардар. Им благодарам на сите соиграчи со кои играв минатата сезона. Секогаш ќе се насмевнам кога ќе го забележам знамето на Република Македонија и симболот на Вардар“, напиша Толедо.