Томовски од следната сезона ќе брани во Бундеслигата


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Германската екипа Потсдам денеска соопшти дека потпишала договор со македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски.

Томовски се враќа во Германија каде што во минатото го носеше дресот на Лудвигсхафен.

„Со нетрпение чекам да заиграм за Постдам во најсилната лига во светот. Сега доаѓам поискусен и подобар отколку што бев претходно кога играв во Германија. Задоволство е да се биде дел од тим како Постам со млади и квалитетни ракометари. Ветувам дека ќе дадам се од себе да ги оствариме амбициите на тимот“, кажа Томовски.