Тоти како дете сонувал само за еден тим – Милан!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Легендата на Рома, Франческо Тоти откри некои интересни детали од својата кариера во интервју за „Гардијан“.

Тоти ја помина цела кариера во Рома, па одби трансфери во големи тимови како Интер, Милан, Јувентус и Реал Мадрид.

Неговата разделба со клубот не беше најдобра, а Тоти открива дека како дете сонувал да игра за Милан затоа што клубот доминирал во Европа.

Тоти имал само 12 години кога директорот на Милан дошол во неговиот дом за да го убеди да потпише за „росонерите“.

„Милан беше највозбудлив тим кој сум го гледал и единствен тим за кој сонував да играм. Иако бев многу млад, сепак знаев каде ќе играм, а тоа беше само Рома“, вели Тоти.