Тухел го брани Вернер за промашувањето со Македонија: Не беше виновен, Гунгодан лошо му додаде!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тимо Вернер не се наоѓа во најдобра форма во последно време и има проблеми во нападот при постигнување на голови.

Вернер се најде на нов бран на критики поради големото промашување против Македонија, кога Германија беше поразена со 1-2.

Тренерот на Челси, Томас Тухел откри дека Вернер сакал да остане подолго на тренинг за да ги заврши вежбите, но тој не му дозволил.

„Гундоган лошо му додаде и јас така го гледам тоа. Вчера видов на тренинг дека има желба да тренира повеќе од предвиденото, но не му дозволив. Му кажав да не се грижи и ќе си дојдат головите сами по себе. Ако жена не сака да оди со тебе на вечера, тогаш не треба со сила да ја тераш“, вели Тухел.