УЕФА со соопштение по шпекулациите дека ќе се смени форматот на ЕП


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонија избори пласман на Европското првенство со победата против Грузија во четвртокот, па ќе биде на турнирот кој се игра во јуни.

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) соопшти дека нема да го менува форматот, односно ќе се игра во повеќе градови, како што беше првично планирано.

Македонија ќе игра во Букурешт против Австрија и Украина, по што ни следи дуел против Холандија во Амстердам.

УЕФА, исто така, соопшти и дека уште е рано да се зборува за враќање на навивачите на трибините.

„УЕФА нема намера да го менува форматот и местата на одигрување на натпреварите кои беа потврдени претходно. Кога се навивачите во прашање, ситуацијата со Ковид-19 е неизвесна и рано е да се каже дали на натпреварите во јуни ќе може да има навивачи“, соопштија од УЕФА.