УЕФА во вторник ќе реши дали ќе ги откаже дуелите од баражот поради коронавирусот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во вторник Европската фудбалска федерација (УЕФА) ќе одржи кризен состанок на кој ќе се разговара за потенцијално одложување на натпреварите од баражот, кои се закажани за крајот на месецот.

Ширењето на коронавирусот направија проблеми во фудбалските организации ширум Европа, па некои лиги како Серија А решија да ги одложат дуелите, а некои ќе играат пред празни трибини.

На крајот на март на програмата се баражите за пласман на Европското првенство, но засега не се знае дали истите ќе бидат одиграни.

„УЕФА е во постојан контакт со владите на сите држави во кои се регистрирани случаи на разболени од коронавирус. Ќе одржиме преговори и со претставниците на националните фудбалски сојузи и потоа ќе донесеме одлука“, порачаа од УЕФА.