Уште двајца заразени со ковид-19 во Еурофарм Пелистер 2


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еурофарм Пелистер 2 објави вчера дека имаат два позитивни случаи на ковид-19, а на најновите тестирања имале уште два позитивни теста, сепак тоа нема да ги спречи да продолжат со тренинзи.

Битолската екипа најави дека ракометарите се во самоизолација и не чувствуваат никакви симптоми, а поради тоа што бројката на заразени не е преголема, тимот ќе продолжи со тренинзите, иако претходно се појави можност да заминат во екипна изолација.

Еурофарм Пелистер 2 и Пролет се единствени тимови кои пријавија нови заразени на вирусот, иако претходно бројката беше огромна во македонскиот шампионат, поради што првенството беше парализирано.