Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Колумбискиот напаѓач дефинитивно е вишок на Сан Сиро.
НАпаѓачот на Милан Карлос Бака речиси извесно ќе го напушти клубот во ова лето поради тоа што постои голем интерес за него, изјави менаџерот на Бака Серџо Барила.
Од порано се знае дека го сака Баерн и Пари Сен Жермен, додека нови кандидати за неговиот потпис се Атлетико Мадрид, Вест Хем и Рома.
„Мораме да ја сочекаме одлуката на Милан. Неколку големи клубови многу го сакаат и верувам дека се позитивно ќе заврши“, рече Барила за Калчомеркато.
Италијанските медиуми пишуваа дека Милан е спремен да го пушти репрезентативецот на Колумбија за 30 милиони евра, што е ист износ кога го доведоа во минатата година од Севиља.
Дека зааминувањето на Бака е извесно зборува и доаѓањето на Џанлука Лападула од Пескара, додека се повеќе се споменуваат и трансферите на Симоне Заза од Јувентус и Леонардо Паволети.