Вардар не смее да се потцени: Му одржаа лекција на опасниот Фленсбург во „Јане Сандански“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вардар уште еднаш докажа дека никогаш не смее да се отпише, фаворизираниот Флензбург и екипата која пред само неколку дена го победи ПСЖ падна на колена пред се уште актуелниот европски шампион!

На самиот старт Флензбург отвори со 0:2, но потоа следуваше серија на Вардар од четири гола за водство од 4:2. По тој период следуваше игра гол за гол за момците на Алушовски да дојдат и до највисоки плус +3 (8:5). По тоа водство на Вардар германскиот тим почна да игра нешто подобро, а до првото изедначување по негативата Флензбург стигна на 11:11 во 20. минута од натпреварот.

Меѓутоа Вардар со два брзи гола преку Талески и Јотиќ се врати на +2 (13:11). По периодот без гол од две минути Талески го постигна својот втор гол за нови +3. Во овој период одличе на голот беше и младиот Марко Кизиќ кој одбрани зицер, а Вардар преку Валчак стигна до највисоките до тој момент +4 (15:11).

Се чувствуваше грч кај гостите Георгиевски се обиде од својата половина на празен гол, но ја погоди само стативата. По тоа промашување на Георгиевски Флензбург постигна гол после пауза од неколку минтуи, меѓутоа Вардар веќе во следниот напад имаше нови +4 (16:12).

Во последните секунди од полувремето Флензбург искористи две грешки на Вардар и на брзина намали на 17:15, резултат со кој се замина на пауза.

Флензбург како што го заврши првиот дел така го започна вториот. Германците постигнаа два брзи гола и изедначија на 17:17. Гол за гол се играше се до 19:19, а тогаш Вардар повторно се одлепи и после половина второ полувреме одново дојде до предност од три гола. Стигна Вардар и до плус 4 и тоа со еден мајсторски гол на Стоилов.

Како што одминуваше времето Вардар изгледаше се посигурно и не дозволуваше Флензбург да се врати во игра. Во последните 10-тина минути вардарци стигнаа и до предност од пет гола.

До крајот момците на Алушовски само ја приведоа работата кон крајот за победа од 31:26.

Со овој триумф Вардар уште еднаш го покажа својот уникатен карактер – црвено-црните никој не смее да ги отпише.