Вардар се откажа од турнирот во Охрид, ќе го замени грчки тим


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот македонски и европски шампион Вардар го откажа своето учество на Меморијалниот турнир „Крсте Андоновски – Усташ“, а негова замена ќе биде Олимпијакос.

Вардарци имаат обврски во Европската лига, па затоа мора да го откажат настапот, а организаторот на турнирот веднаш го повика грчкиот тим како замена.

Познати се и групите на турнирот, односно во групата А ќе играат Охрид, Бешикташ, Голден Арт и Олимпијакос, додека во групата Б ќе играат Пелистер, Металопластика Шабац, Татран Прешов и Бутел.

Турнирот се игра од 23 до 26 август.