Вардар се засили со Филип Талески!

Македонскиот ракометар Филип Талески е нов член на Вардар, со кого потпиша едногодишна соработка, па така „црвено-црните“ уште еднаш покажаа дека имаат големи амбиции за следната сезона.

Талески е второ засилување за европскиот шампион за следната сезона, откако претходно беше потврден трансфер и на Робин Кантегрел од Франција, а беа продолжени соработките и на уште неколку ракометари.

Репрезентативецот кажа дека е пресреќен што се враќа во Македонија и во следниот период ќе го носи дресот на Вардар.