Вардар се засили со ракометар на Металург


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вардар ангажираше уште еден млад ракометар, Томислав Јагуриновски. Тој пристигнува во редовите на „црвено-црните“ и воедно е второ засилување, откако тренерот Стевче Алушовски претходно го потврди Дмитри Санталов.

Јагуриновски пристигнува од редовите на Металург, каде што настапуваше сезонава, а во Вардар треба да остане во следните три години.

Јагуриновски пристигна како замена за Криштопанс и Толедо, кои го напуштија Вардар. Најпрво замина летонскиот џин, а потоа и Толедо пред неколку дена.