Вардарци немаат ковид-19, денеска ги почнуваат подготовките!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Вардар во текот на минатата вечер соопшти дека ниту еден ракометар на клубот не е позитивен на коронавирус и тие денеска ќе почнат со подготовките за следната сезона на фудбалското игралиште до СЦ „Јане Сандански“.

Во текот на вчерашниот ден им беа направени тестови на ракометарите, по што пристигна добра вест дека сите се негативни.

Денеска тренингот ќе почне од 18.00 часот, а во 17.45 тренерот Стевче Алушовски треба да даде изјава за медиумите, додека останатите ракометари и стручен штаб нема да бидат достапни за новинарите поради ситуацијата со вирусот.