Вардарци со победа ја започнаа одбраната на титулата во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар со победа ја започнаа одбраната на титулата во Лигата на шампионите откако славеа на гостувањето кај Монпелје со 33:31.

Вардарци посебно се мачеа во првиот дел кога одбраната не беше на највисоко ниво. Сепак, во вториот дел ја кренавме играта и стигнавме до заслужена победа.

Најпрецизенво Вардар беше Сташ Скубе со седум постигнати голови, а го следеа Дибиров со шест и Шишкарев со пет постигнати погодоци.

„Одигравме навистина тежок натпревар. Во првиот дел одбраната не беше на нивото на кое ние сакавме, а нападот беше коректен, бидејќи дадовме 16 гола. Во вториот дел се подобривме и успеавме да дојдеме до посакуваниот триумф. Имавме и неколку лесни голови преку брзи контри и задоволни сме од резултатот. Не е лесно да победиш на овој терен. Задоволен сум од победата“- истакна тренерот Писонеро по натпреварот.