Вецлар подобар од Хановер: Миркуловски го доби „македонското дерби“ против Кузмановски


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вецлар славеше со 28-22 против Хановер и конечно им се врати на победите во ракометната Бундеслига, а на мечот настапија двајца македонски ракометари.

Филип Кузмановски и Филип Миркуловски постигнаа по еден гол за своите екипи, но Вецлар беше подобар на теренот благодарение на Чавор кој постигна седум гола, додека на спротивната страна Бухнер погоди девет пати, но залудно.

Вецлар има 31 бод и се наоѓа на шестата позиција, додека Хановер е на 14. позиција со 19 бодови.