Вернер го напушта Челси и се враќа во Германија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Германскиот напаѓач Тимо Вернер никогаш не ги оправда очекувањата во Челси, па си заминува од екипата по само две години и се враќа во Лајпциг каде што се прослави претходно.

Фабрицио Романо објави дека Вернер ќе биде откупен од Лајпциг, иако најпрво се шпекулираше за позајмица на германскиот фудбалер.

Челси пред две години го купи за 50 милиони евра, но Германецот играше лошо на „Стемфорд бриџ“ и му падна самодовербата, па ниту во репрезентацијата не играше најдобро.

Вернер сака да се врати во Германија, каде што претходно играше одлично и на 219 натпревари постигна 80 погодоци.