Веспрем и Мешков бараат посебни услови од СЕХА-лигата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


СЕХА-лигата се соочува со неочекуван проблем, откако беа објавени групите. Мешков Брест и Веспрем не сакаат да играат во регуларниот дел од сезоната, односно сакаат директно да бидат испратени во четвртфиналето.

Секако, како „изговор“ за таквото барање од регионалното натпреварување го посочуваат проблемот со гостувањата за време на пандемијата на ковид-19.

Засега се разгледува нивното барање и доколку истото не биде прифатено, тоа значи дека наместо 10 тимови, СЕХА-лигата ќе се игра со осум, а притоа ќе мора да се помести и стартот кој беше закажан за 10 октомври.