(Видео) Судија заборави едно од основните фудбалски правила и ги разгневи играчите

Необична ситуација, каква што не се гледа ниту во најниските фудбалски рангови, се случи во втората турска лига, во натпреварот меѓу Бурсаспор и Истанбулспор. Судията Ајберк Демирбас по совет на својот помошник отсуди офсајд веднаш по фрлањето од аут.

Едно од основните фудбалски правила е дека нема офсајд кога топката се уфрла со рака од аут. Тоа, секако, предизвика бес кај играчите на Истанбулспор па како компензација судията Демирбас отсуди индиректен удар. Бурсаспор победи во овој натпревар со 4:0 и по пет кола е втора екипа во втората турска лига.

Турски судија отсуди офсајд од фрлање
by u/wel0g in soccer

.