„Во Англија постои само еден играч од светска класа“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Некогашниот напаѓач на Њукасл Јунајтед Алан Ширер смета дека во репрезентацијата на Англија моментално постои само еден фудбалер од светска класа.

Многумина се изненадија од неговиот избор бидејќи ни Руни, ни Хари Кејн, ни Варди, веќе голманот Џо Харт.

„Џо Харт е ден од најдобрите на светот на својата позиција. Сепак, освен него не гледам повеќе ниту еден играч од светска класа во репрезентацијата на Англија во овој момент.

Тоа не значи дека Англија не може добро да помине на овогодинешното ЕВРО. Гледам на ЕП тимови со одличен играчки кадар и со играчи од светска класа кои не освоија ништо“, рече Ширер и продолжи:

„Не морате нужно да имате фудбалери од светска класа во тимот за да успееме. Играчите кои моментално Англија ги има се одлични, но не би рекол дека се меѓу најдобрите“.