Во Ливерпул бесни поради Суарез: Ја загриза раката, која некогаш го хранеше… ?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ливерпул синоќа беше поразен на „Камп Ноу“ од Барселона со 3:0 во првиот полуфинален меч во Лигата на шампионите.

Така пред „Црвените“ речиси е невозможна мисија да дојдат до финалето. Иако во фудбалот чудата се возможни, тешко е да се поверува дека против Лео Меси и остатокот на екипата може да се направи огромен пресврт.

Големо внимание покрај Меси синоќа привлече и Луис Суарез. Уругвајецот во текот на мечот константно ги провоцираше фудбалерите на Ливерпул, а жестоко го прослави и погодокот за водство од 1:0.

Тоа ги разочара навивачите на тимот од „Енфилд“. Имаа голема почит кон човекот кој три години го носеше нивниот дрес, но синоќа не постои повеќе таа почит.

„Секогаш сум го почитувал, но сето тоа исчезна откако видов како го прослави погодокот. Изненаден сум дека тоа го прави некој кој се уште е почитуван во клубот“, напиша еден навивач на „Црвените“, додека друг додаде:

„Суарез ја касна раката која некогаш го ранеше. Предавник“…

Коментари за неговата прослава има уште доста, па по се Уругвајецот сосема сигурно нема да има убав пречек на „Енфилд“ следната сезона.

Суарез беше член на Ливерпул во јануари 2011. година. Стигна од Ајакс за нешто повеќе од 26 милиони евра и веднаш стана миленик на навивачите.

Нешто повеќе од три години подоцна премина во Барселона, а „Енфилд“ го напушти со 82 постигнати погодоци во 133 одиграни натпревари.