Волф разочаран: Викендот во Бразил за мене беше најлош во кариерата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Возачите на Мерцедес, Луис Хамилтон и Џорџ Расел разочараа на трката за Големата награда на Бразил, а тоа го посочи и шефот на тимот Тото Волф.

Расел не ја заврши трката поради проблеми со болидот, додека Хамилтон го освои осмото место на патеката.

„За мене ова беше најлошиот викенд во последните 13 години. Ова е неприфатливо за нас како тим. Сите сме одговорни за неуспехот, ние бевме солиден тим, но разочаравме. Во изминатите три трки бевме една секунда зад Макс, а една недела подоцна исчезнавме на патеката“, вели Волф.