Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот првак Вардар одигра одличен натпревар во второто коло од групната фаза во ракометната Лига на шампиони (ЛШ) и ја запиша првата победа.
Вардар ремизираше против Елверум во првото коло, по што го совлада Мешков Брест со 35-27, а Веселин Вујовиќ по натпреварот кажа дека е пресреќен поради триумфот.
„Знам каков тим има Мешков и се плашев од овој меч. Натпреварот го отворивме мотивирано, многу ни помогна енергијата од трибините. Шутерите беа расположени и тоа беше тоа. Кога променија во фаза 5-1, морав да менува мсо Дибиров и Гаџа некоја тактика затоа што браќата Њокас се уште не се комплетно воиграни. Морам да потенцирам и дека Мешков имаше повредени играчи и ние ја искористивме ситуација. Им посакувам среќа во следните натпревари“, изјави Вујовиќ.