Вујовиќ со порака до владата: Вардар не смее да згасне!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот гигант повторно ги израдува македонските навивачи, откако успеа во финалето да го совлада Веспрем со 27-24 за втор трофеј во Лигата на шампиони.

Поранешниот тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ на емисијата на „ТВ Арена“ испрати порака до македонската власт да го спаси Вардар од згаснување.

„Одлично ми е чувството по триумфот на Вардар. Македонската Влада во Уставот мора да стави дека Вардар не смее да згасне и треба тој клуб да биде секогаш спонзориран. Мора да го спасат“, вели Вујовиќ.

Исто така, Вујо ја пофали играта на „црвено-црните“ во првото полувреме, иако Вардар имаше лош старт на вторите 30 минути, но сепак успеа да закрепне и да ги постави конечните 27-24.