За да го пополните албумот „Евро 2020“ на Панини ќе ви требаат 39.000 денари!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вчера официјално беше почната продажбата на популарниот албум на Панини за „Евро 2020“, на кој за првпат ќе се најде македонската фудбалска репрезентација.

Албумот има 654 сликички со фудбалери од 24 репрезентации, а може да го купите за 80 денари, додека едно пакетче до пет сликички е 40 денари.

Доколку имате среќа и успеете да ги замените сите дупликати, тогаш ќе потрошите околу 5.344 денари, иако такво нешто е речиси невозможно.

Британски професор пресмета дека ако сами го пополнувате албумот, без да се разменувате со никого, тогаш сумата која треба да ја потрошите е 39.000 денари, иако таа сума може да се намали доколку се менувате со некого.