Залудна беше забраната: Русинка го освои Вимблдон!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Казахстанската тенисерка со руско потекло Елена Рибакина го освои трофејот на Вимблдон, откако славеше со 2-1 во сетови против Онс Жабер по пресврт.

Тоа што е најинтересно е дека Рибакина е родена во Москва и успеа да го освои трофејот, иако организаторите на Вимблдон им забранија на сите руски и белоруски тенисерки да настапат на турнирот.

Таа во 2019 година реши да настапува за Казахстан, па благодарение на тоа денеска стигна до најголемиот успех во кариерата.

Рибакина до титулата стигна на одличен начин, па до финалето загуби само еден сет и заслужено се закити со пехарот.