Заза направи проблеми на тренингот во Торино и си обезбеди „шут-карта“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Поранешниот италијански репрезентативец Симоне Заза направи проблеми на денешниот тренинг на Торино.

Заза во Торино стигна минатата година, а италијанскиот клуб го откупи пред неколку месеци од Валенсија. Сепак, 28-годишниот напаѓач е резервна опција во Торино, а тоа не му се допаѓа.

Италијанските медиуми пишуваат дека Заза имал караница со тренерот Валтер Мацари, зашто очекувал да игра од прват аминута откако се повреди Андреа Балотели, но тоа не се случи.

Мацари порачал дека Заза повторно ќе остане на клупа, по што се скарале, а наводно фудбалерот го кренал тонот, па веднаш бил повикан на разговор и му порачале дека во јануари ќе биде продаден.