Жесус по победата против Ленс: Трениравме како луди!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Арсенал го прегази Ленс со 6-0 и обезбеди пласман во нокаут-фазата на Лигата на шампиони (ЛШ), а по натпреварот Габриел Жесус даде коментар за настапот на премиерлигашот.

Францускиот тим се распадна против англискиот гигант, кој беше неверојатен на теренот.

„Екипата играше многу добро. Ја завршивме работата одлично. Постигнавме многу голови и одигравме неверојатен натпревар. Пред мечот трениравме како луди. Тоа ја направи разликата“, кажа Бразилецот.