Ѕвезда на Баерн Минхен мора да оди зад решетки


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Фудбалерот на Баерн Минхен и репрезентативец на Франција, Лукас Ернандез, ќе мора на 19 октомври да се појави на Судот во Мадрид за да оди во затвор и да отслужи едногодишна казна.

Шпански „АС“ пишува дека Судот во Мадрид наредил да биде затворен 25-годишниот фудбалер и тоа поради кршење на забраната да ѝ се приближи на неговата сопруга.

Ернандез и неговата сопруга Амелија имале жестока расправија на улица во февруари 2017 година, а Судот поради тоа ги осуди и двајцата на едномесечна корисна работа, како и ги казни со забрана за приоѓање во следните шест месеци.

Меѓутоа, овој пар не помисли да се раздели, тие заминаа на меден месец во Мајами, а по враќањето Ернандез бил уапсен на аеродромот во Мадрид и заврши кратко зад решетки.

Обвинителите потоа бараа едногодишна затворска казна за фудбалерот, која на крајот ја доби.