Алегри: Не е добро толку големо возбудување поради Роналдо

Тренерот на Јуве, Масимилијано Алегри, кажа дека мора да се смират страстите по пристигнувањето на Кристијано Роналдо во Торино.

Роналдо летово реши да го напушти Реал Мадрид и за 105 милиони евра да премине во Јувентус.

„Роналдо е голем играч и мило ми е што ќе го тренирам. Неговото искуство може да биде голема предност за нас. Сепак, гледам премногу возбудување поради трансферот, а тоа не е добро бидејќи во иднина ќе се соочиме со многу поголем притисок од останатите ривали“, вели Алегри.

Јувентус во моментов се наоѓа на подготовки во Америка.