Поранешен фудбалер на Манчестер јунајтед му станува соиграч на Ристовски во Спортинг!?

Португалецот Нани официјално ја заврши соработката со Лацио, во кој не играше премногу.

Нани во клубот од Рим помина една година на позајмица од Валенсија, а по завршувањето на сезоната, управата на Лацио сметаше дека 31-годишниот играч не ги исполнил очекувањата.

Поранешниот играч на Манчестер јунајтед се врати во Валенсија, па се договори за трансфер во Спортинг Лисабон.

Во Спортинг почна да игра Нани, а ова нема да му биде прво враќање. Прво за нив играше од 2005. до 2007. година, а потоа премина во Манчестер јунајтед, а во сезоната 2014/15 се врати на позајмица.

Нани во кариерата одигра 112 натпревари за Португалија и е член на златната генерација од Европското првенство во Франција во 2016. година.