ПСЖ одговори на понудата на Челси за нивната ѕвезда

Францускиот шампион ПСЖ ја одби понудата која пристигна за Едисон Кавани.

Фантастичниот фудбалер беше желба на новиот тренер на Челси, Маурицио Сари, кој е во потрага по врвен напаѓач, зашто не сака сезоната да ја почне со Алваро Мората и Оливие Жиру.

Не е позната сумата која ја испратија „сините“ за 31-годишниот напаѓач, но очигледно ПСЖ нема намера да прифати колку и да изнесува истата.

Челси покрај Кавани се поврзува и со Гонзало Игуаин, а нов напаѓач ќе имаат шанса да ангажираат до деветти август, кога завршува преодниот рок во Англија.