Раиконен го продолжи договорот со Ферари

Ферари објави дека го продолжиле договорот со Кими Раиконен до крајот на 2018 година.

Во соопштението од таборот на Ферари истакнаа дека го обновиле нивниот технички и тркачки договор со Финецот.

37 годишниот возач на Ферари со тоа ќе остане петта сезона во тимот од Маранело. Претходно Кими возеше за Ферари и во сезоните 2007/08 и 2008/09.

Раиконен во моментов е на петтата позиција во генералниот пласман во Формула 1. Неговиот тимски колега, Себастијан Фетел е на првата позиција со 14 бодови предност пред Луис Хамилтон.

Договорот на Себастијан Фетел истекува по крајот на оваа година и се уште не е позната неговата иднина.