Сампаоли го објави поширокиот список на репрезентацијата на Аргентина

Селекторот на Аргентина, ЖОрге Сампаоли го соопшти поширокиот список од 35 играчи на кои ќе смета пред почетокот на Светското првенство во Русија.

На овој список се најдоа Дибала и Икарди и покрај шпекулациите дека Сампаоли нема да смета на нив.

Сепак од списокот отпаднаа играчи како Пасторе, Ламела, Кореа,Мусакио… Аргентина на Светското првенство е во групата Д со Исланд, Хрватска и Нигерија.

Список на играчи:

Голмани: Ромеро, Кабаљеро, Гузман, Армани

Одбрана: Меркадо, Салвио, Маскерано, Отамедни, Пецела, Фацио, Рохо, Фунес Мори, Таљифико, Акуња, Ансалди

Среден ред: Ланцини, Рикардо, Сентурион, Меца, Биља, Пизаро, Перез,Банега, Ло Целсо, Паредес, Батаља, Ди Мариа, Павон ,Перез

Напад: Пероти, Меси, Дибала, Игуаин, Икарди, Агуеро, Мартинез