Еве како Јувентус се прости од Погба!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Официјална потврда за рекордниот трансфер на Пол Погба во Манчестер Јунајтед стигна вечерва и од неговиот сега веќе поранешен клуб, Јувентус.

Со зборови за благодарност за францускиот репрезентативец кој се врати на Олд Трафорд од италијанскиот шампион е потврдено дека вредноста на трансферот е 105 милиони евра, и дека тој износ на нивната сметка ќе биде исплатен во наредните две години.

Истотака, Јувентус на Твитер објави интересен видео клип посветен на Пол Погба и можете да го погледнете во прилог.