Клаузулата во договорот на Погба може да ве остави без текст


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сагата околу нејаголемиот трансфер на ова лето пред неколку дена конечно е завршена.

Пол Погба после четири години во Јувентус се одлучи да се врати во Манчестер Јунајтед, и стана најскап фудбалер во историјата на фудбалот.

Францускиот репрезентативец својот поранешен клуб го чинеше повеќе од 100 милиони евра, точно 105 милиони евра.

Сепак, тоа не беше се. Погба има неколку интересни клаузули во својот договор на кој Јувентус мораше да прифати.

Една посебно „падна“ во очите на англиските медиуми, а тоа е дека е клаузулата дека сега веќе поранешниот клуб мор да купи куќа во Менчестер во вредност од пет милиони евра. Јувентус мораше да прифати и на тоа 25 милиони евра од трансферот да припаднат на агентот на Погба, и по два милиони ќе добијат неговите поранешни клубови Торци, Роис Ен Бри и Ле Авр.

Старата дама на крајот после се инкасираше 73 милиони евра.